среда, 21 март 2012 г.

ОБУКА: Емоционална интелигенција и себе- претставување


Обука: Емоционална интелиганција и себе- претставување

Оваа работилница ќе послужи како водич во патување низ научен увид во емоциите, со цел да се донесе поголемо разбирање на нивното влијание врз Вашата кариера и Вашиот живот.

Опис на обуката:

Обуката се однесува на поблиско запознавање на сопствената емоционална интелигенција во процесот на барање на работа.
Оваа обука е наменета за сите оние кои сакаат да научат повеќе за своите емотивни потенцијали и нивната примена во процесот на барање на работа.

Теми на обуката:

  • Идентификување на сопствените емоционални потенцијали
  • Значење на емоциите во кариерниот процес
  • Менаџирање на сопствените емоции во кариерниот процес
  • Зголемување на самодовербата преку прифаќање на сопствените емоции
  • Подобрување на вештините за себе-претставување 

Методологија: 

Програмата е дизајнирана за секој човек што ќе присуствува да обезбеди личен раст и развој преку практично работење на себе. начинот на работа е интерактивен т.е. секој учесник активно учествува преку поставување прашања или споделување искуства и усвојување на вештини поврзани со индивидуалниот кариерен процес. Секој учесник има можност за консултации со менторот додека трае обуката.

Термин: 

Обуката ќе се одржи на 13.04.2012 (Сабота) во просториите на SUPERNOVA Academy.
Обуката е во времетраење од 8 часа, со 2 паузи за кафе и 1 за ручек.
За подетални информации слободно обратете се на info@sn-academy.com или на телефонскиот број 071/222-757.

Ментори:

Г-ѓа Благица Ризоска 
  • Доктор по бизнис администрација, 
  • Магистер по психологија и советување, 
  • Сертифициран менаџмент консултант, 
  • Сертифициран кариерен тренер и советник, 
  • Гешталт психотерапевт со повеќе од 6 години работно искуство како консултант, тренер и предавач во работа со студенти, вработени и менаџери во универзитети и компании во јавен и приватен сектор во Македонија и пошироко.

Г-ѓа Билјана Цветковска- Стантич
  • Доктор по медицина
  • Постдипломски студии за Менаџмент на човечки ресурси на Бизнис Академијата во Белград
  • 15 години искуство во учества, водење и асистирање во психодрамски работилници
  • 5 години искуство во трансакциона анализа
  • 5 години работно искуство како програм асистент
  • 2 години работно искуство како менаџер за човечки ресурси

Цена:

Цената за пристуство на целодневната обука изнесува 1200 денари.
За студенти цената изнесува 800 денари со приложување на индекс со заверен семастар.

Пријавувањето за оваа обука се врши со пополнување на аликацијата на следниот ЛИНК.



Нема коментари:

Објави коментар