Истражување на британски научници открило дека мажите кои се физички привлечни имаат за 13,5 бода повисок коефициент на интелигенција од просечниот. Атрактивните жени пак имаат IQ кое е за 11,4 бода повисоко од просечното.
За да дојдат до овие резултати, научниците ги зеле во предвид податоците за академскиот развој и интелигенцијата на 52 000 луѓе од САД и Велика Британија. Исто така, бил оценуван и нивниот надворешен изглед.
Со друго истражување било утврдено дека девојките од средната класа имаат повисок коефициент на интелигенција од девојките од работничката класа.
Сатоши Каназава, кој го предводел истражувањето, објаснил дека нивниот заклучок е само од научна природа и дека не треба да се користи како основа за оценување на луѓето.

Извор: www.mensa.org.mk
СУПЕРНОВА е нова животна школа за едукација, советување и психотерапија. Како дел од нашите услуги нудиме центар за личен раст и развој на поединци и групи, семејна психотерапија и советување, психодијагностика, центар за кариера, едукации и тренинг програми за бизнис клиенти, работилници за управување и развој на човечки ресурси, менторство (coaching).
Нема коментари:
Објави коментар