ЗА СУПЕРНОВА



Академијата СУПЕРНОВА е нова животна школа за едукација, советување и психотерапија. Основана е во 2010-та и е прва академија во Македонија за психологија која нуди професионални тренинг програми. 
  
Нудиме центар за личен раст и развој на поединци и групи, семејна психотерапија и советување, едукации и тренинг програми за бизнис клиенти и фирми, работилници за управување и развој на човечки ресурси, менторство (coaching) итн.
  
Главна цел на СУПЕРНОВА е да им овозможи на поединците и групите да ја подигнат својата свест во комуникацијата и интеракцијата со другите луѓе кои се дел од нивниот секојдневен живот, да создаваат и развиваат здрави врски и контакти со своите блиски.
    
Нашата визија и мисија
  
Нашата визија е да инвестираме во луѓето, во комуникацијата меѓу луѓето и во градењето на здрави и правилни контакти и односи преку едуцирање, тренинг и советување.
  
Нашата мисија е да понудиме високо квалитетна хуманистичка и интегративна програма преку професионални советувања и психотерапии;  
да го поддржиме истражувањето во развојот на професионалното знаење, во управувањето и во развојот на човечките ресурси преку психолошки терапии со професионални предавачи и менторство;  
да понудиме сервис за советување и психотерапија за пошироката јавност.
    
Цели за 2010-2015
  
Да понудиме тренинг и едукација со највисок квалитет за личен раст и развој;
Да организираме базични и напредни работилници;
Да организираме трибини на теми со кои се сретнуваме во секојдневното живеење;
Да понудиме пристапни и ефективни сервиси за советување и психотерапија на поединци;
Да понудиме семејна терапија;
Да им дадеме на сите студенти (психологија, педагогија, социјална работа и политика, дефектологија, медицина и други факултети) теоретско и практично знаење од областа на психотерапијата и видовите на психотерапија;
Да истражуваме како би им помогнале на сопствениците на приватни фирми да си го подобрат сопствениот бизнис и да изнаоѓаме нови бизнис решенија;
Да им понудиме на сите државни институции и приватни фирми работилници и тренинг-програми за управување и развој на човечките ресурси;
Да понудиме менторство (coaching) за унапредување и подобрување на бизнисот.
    
Вредности и етика
  
Во академијата СУПЕРНОВА сите студенти, вработени, поединци и групи се третираат на ист начин. Никој не се дискриминира според својата национална или верска припадност, според пол, материјален статус, според сексуална ориентација, боја на кожа и слично.
  
Во СУПЕРНОВА може да се вклучат сите луѓе кои имаат желба и кои сакаат да напредуваат во својот личен раст и развој, кои сакаат да си ја подигнат комуникацијата на повисоко ниво, да станат свесни за своите сопствени потреби, квалитети и проблеми, и да научат како да се справат со стресот и со другите негативни влијанија кои ги носи брзиот и динамичен начин на живеење.