понеделник, 21 март 2011

Дали нарцизмот е добар за бизнисот?



Новите истражувања покажуваат дека нарцисите се одлични во убедувањето дека нивните идеи се креативни, дури и кога се само просечни. Но, групите во кои има нарциси се покажале поуспешни и со подобри идеи од групите каде немало ниту еден нарцисоиден човек. Се чини, нарцизмот и креативноста одат рака под рака. Креативните луѓе често се гледаат како одважни, гладни за внимание и без грижа за идеите и мислењата на другите. Тие често се доведуваат во позиции на важност во областа во која работат (пример, Пабло Пикасо и сликарството), што укажува на нивните способности и идеи - нешта кои другите ги немаат. Но, дали е тоа точно?
  
Тројца психолози од Универзитетите Корнел и Стенфорд, со цел да видат дали нарцизмот е благодет во бизнисот, поделиле 292 студенти во четири групи и побарале од нив да изготват предлози за подобрување на бизнис перформансите. Се покажало дека тимовите кои имале повеќе нарциси во своите редови генерирале повеќе идеи т.е. дека присуството на нарцисите го помогнува изнесувањето на идеи. Но, ако има премногу нарциси во една просторија, ќе има и премногу ега, што може да пречи во конечниот резултат. Психологот Кемпбел од Универзитетот во Џорџија вели дека со истражувањето е опфатена важна тема на еден паметен и прифатлив начин. Идеално, вели тој, бизнисите би можеле да се фокусираат на нарцисоидните црти на луѓето кои работат во нив. Себе-промоцијата, на пример, е важна вештина, но придобивката од неа е можна само ако сите сфаќаат колку истата, доколку оставена да се одвива неограничено, може да ја наруши продуктивноста и односите во работната средина.

Извор: www.sciencemag.org 

СУПЕРНОВА е нова животна школа за едукација, советување и психотерапија. Како дел од нашите услуги нудиме центар за личен раст и развој на поединци и групи, семејна психотерапија и советување, едукации и тренинг програми за бизнис клиенти и фирми, работилници за управување и развој на човечки ресурси, менторство (coaching).

Елена Темелкоска
Supernova Academy




Нема коментари:

Објави коментар