Во 1880-тите, Жане, кој бил доктор по професија, започнал да работи со пациенти со ментални нарушувања. Во својот докторат издаден во 1889-та тој ги опишал интеракциите меѓу свесното и несвесното. Неговите наоди се должат на истражувањето за хипнозата, „автоматското мислење“ (слободните асоцијации), симболичката интерпретација на симптомите, нивното одигрување во фантазијата и работата со катарзата. Сета негова работа го водела до траумите кои некогаш во минатото ги доживеале неговите пациенти.
Во тој период Фројд заминал за Франција да учи кај Шарко, кој бил супервизор на Жане и дознал некои од идеите во „психолошката анализа“ на Жане. При работата на “Студиите за хистерија“, објавени во 1895-та, Фројд го цитирал Жане за работата со несвесните сили, но му дал признание и на Броер за создавањето на „методот на катарза“. Броер навистина работел со Жане, но во неговата работа не се споменуваат катарзата, несвесното, симболиката на симптомите и раната траума.
Не е воопшто чудно што Жане спорел со Фројд за тоа кој е вистинскиот создавач на теоријата. Спорот меѓу Фројд и Жане е добро познат во историјата на психоанализата. Особено е интересен поради тоа што Жане водел внимателна евиденција за сите случаи во кои Фројд ги користел неговите идеи.
Историјата на советувањето и психотерапијата не е ниту еднодимензионална ниту пак линеарна. Има многу примери на психотерапија и советување кои се јавуваат пред Жане и Фројд, иако начинот на кој тие работеле не бил спефицично наречен со некое име. Психотерапевтските третмани во минатото најчесто се состоеле од комбинација на медицински, биолошки, спиритуални и психолошки процедури. Како што поминуваат годините, голем број терапевти се насочуваат кон повторно откривање на овие техники.

СУПЕРНОВА е нова животна школа за едукација, советување и психотерапија. Како дел од нашите услуги нудиме центар за личен раст и развој на поединци и групи, семејна психотерапија и советување, психодијагностика, центар за кариера, едукации и тренинг програми за бизнис клиенти, работилници за управување и развој на човечки ресурси, менторство (coaching).
Нема коментари:
Објави коментар