вторник, 21 јуни 2011 г.

Созревање на емоциите кај децата


Познато е дека емоциите кај децата се јавуваат со текот на времето и тоа без никакво учење на возраст од шест до осум месеци (приближно детето почнува да се плаши од непознати лица).  

Oва го знаат сите мајки, штом се појави непозната личност, детето почнува да плаче, блиску е до мајката и познатите личности. Овој став се јавува ненадејно, неочекувано а нема докази дека е научен. Психолозите таквото однесување го објаснуваат според созревањето на детето т.е. во него гледаат резултат на порастот на детската способност во воочување на разликите. Дете на споменатата возраст разликува непознати од домашни лица, што порано не бил случај. Тоа дури и ја насетува опасноста која за него можеби ја претставува непознатото лице. (Во детската психологија често се наведува експериментотсо безопасната змија како доказ за созревање на емоциите. Всушност, психолозите се интересирале како децата од разна возраст ќе реагираат со првата средба со змијата од која што, како што е познато возрасните се плашат. Децата вклучени во експериментот не знаеле ништо за змијата. Резултатите од ова испитување се следниве: децата од две години воопшто не покажувале страв од змијата туку и приоѓале слободно и ја допирале со рацете. Децата од две до четири години обрнувале повеќе внимание на движењето на змијата и се воздржувале да ја допрат.

Децата од четири години јасно го покажале стравот од змијата. Бидејќи овие деца никој не ги учел да се плашат од змијата, а во текот на експириментот по прв пат се среќаваат со неа, по што е заклучено дека тој страв е резултат на созревањето .

Дури по четвртата година, заблагодарувајќи на општиот физички и интелектуален развој детето насетува потенцијална опасност од необичното суштество кое се движи на необичен начин). Кога би можело детето веднаш по раѓањето да се изолира од влијанието на средината,психологијата би била во состојба да одговори на прашањето што е во развој на емоциите, резултат на учењето, а што е резултат на созревањето. Од хумани причини децата не може да се изолираат и да се лишат од влијанието на средината. Меѓутоа, некои од нив-оние што се од раѓање слепи и глуви-се лишени од тоа влијание во голема мера. Ако се јават кај нив извесни облици на емоционално однесување, можеме со сигурност да тврдиме дека се резултат на созревањето.

Глувите и слепите не можат да учат преку гледање и слушање, а познато е дека изразувањето на емоциите можат да учат исклучиво со помош на слухот и видот. Систематското набљудување на изразувањето на емоциите кај децата, кои се слепт и глуви од раѓање и кај оние кои слушаат и гледаат, откриле кај двете групи големи сличности. Едно слепо и едно глуво девојче на пример изразувало задоволство во играта, иако за играта никој на ја учел. Кога била задоволна, таа се смеела.

Тие реакции се јавуваат без учење. 

СУПЕРНОВА е нова животна школа за едукација, советување и психотерапија. Како дел од нашите услуги нудиме центар за личен раст и развој на поединци и групи, семејна психотерапија и советување, психодијагностика, центар за кариера, едукации и тренинг програми за бизнис клиенти, работилници за управување и развој на човечки ресурси, менторство (coaching). 


Следете не на нашата официјална Facebook страна



Нема коментари:

Објави коментар