среда, 22 јуни 2011 г.

Како се развиваат емоциите кај децата

Колку е постаро детето кај него воочуваме поголем број разни емоции, кои постојат кај возрасните. Тоа се плаши се лути, покажува љубомора, се радува, мрази, сака. Разните предмети, лица и ситуации кои порано не делувале на детето сега се причина за силните емоции. Психологот Катерина Бриџес го набљудувала развојот на емоциите кај децата од моментот на нивното раѓање па до двегодишната возраст и констатирала дека тие секогаш се јавуваат приближно во исто време и дека се зависни од условите во кои децата живеат. По раѓањето бебето го карактеризира општа состојба на вознемиреност, до третиот месец се јавуваат пријатноста и непријатноста, до шестиот месец непријатноста се диференцира во гнев, одвратност и страв, до дванаесетиот масец се јавуваат гордост и љубов, а нешто подоцна љубомора и радост. 

Веќе е споменато дека детето со раѓањето нема јасно издиференцирани емоции. Како се развиваат тие? Ако се појават покасно, а не веднаш по раѓањето тоа може да заклучи дека настанале како резултат на учењето. Меѓутоа тие може да се јават покасно и под влијание на созревањето. Учењето и созревањето се доста испреплетени во развојот на емоциите, при што е тешко да се одреди што е кај емоциите резултат на учењето, а што резултат на созревањето. Стравот е филогенетски и онтогенетски најстара емоција. Секогаш е непријатен и проследен со напнатост, грижа и вознемиреност. Кога изворот на стравот е во надворешната средина (страв од автомобил) лесно може да се отстрани на тој начин што човекот се оддалечува од него. Сосема е поинаква ситуацијата кога изворот на стравот е внатрешен, т.е. во човекот (страв од неспособност, незнаење).

Страв предизвикуваат ситуации што се доживуваат како опасни, изненадни или нејасни. Изворите на страв можат да бидат различни. Децата најчесто се плашат од конкретни настани и предмети: темна соба, силен ветар, одненадеж појавено големо куче, чудовишта од бајките и филмовите (вештерки, змејови, разбојници, манијаци). Возрасните најчесто ги вознемируваат и плашат апстрактни ситуации и објекти: неизвесна иднина, внатрешни конфликти, конфликти во блиска околина, недостаток на љубов итн.

Кога човекот ќе свати дека успешно и се спротивставува на ситуацијата, што кај него предизвикала страв, стравот автоматски започнува да се губи. Така, стравот од испит се губи кога студентот започнува успешно да одговара. Стравот често може да дејствува и мотивационо, но само до определен интензитет над кој започнува да претставува пречка во однесувањето. 



СУПЕРНОВА е нова животна школа за едукација, советување и психотерапија. Како дел од нашите услуги нудиме центар за личен раст и развој на поединци и групи, семејна психотерапија и советување, психодијагностика, центар за кариера, едукации и тренинг програми за бизнис клиенти, работилници за управување и развој на човечки ресурси, менторство (coaching). 

Следете не на нашата официјална Facebook страна

 

Нема коментари:

Објави коментар