Детето се раѓа единствено со диспозиции за стравот, но не и со одредени стравови. Главни причини за стравот кај детето се:
- детето се навикнува на стравот;
- детето се исполнува со страв, со него се заразува, од околината пред се од возрасните,
- стравот е последица на непријатното и болно искуство на детето.
Детето се навикнува на стравот. Бидејќи вродени стравови не постојат, детето на пример до втората не се плаши од змијата, некои други животни или предмети. Детето опасноста најпрвин треба да ја увиди односно можната опасност да се појави и дури после тоа може да се исплаши од одредена ситуација, одредена појава. Тоа сигурно стои во врска со развојот на неговитедиспозиции за осетните реагирања од друга страна, стравот никнува врз основа на искуството кое детето го стекнува, и кое го наведува да се плаши од некоја појава, некои работи. За запознавање на овој фактор, заслугата му припаѓа на веќе споменатиот психолог, Вотсон кој покажал како големата улога ја играат условните рефлекси на осетното подрачје. Експериментот бил следниот.
Психологот му покажал на девет месечното дете глушец, а зад неговата глава истовремено, предизвикал силен трескот, така што со чекан, силно удирал во еден челичен предмет тоа и го повторил пет пати. Првиот пат детето навистина се исплашило и паднало на лице. Вториот пат реакцијата на стравот во истата ситуација била помала но детето од страв запискало веднаш штом го видело белиот глушец. После петтото повторување на истата ситуација детето ги покажувало сите знаци на страв кога ќе го види белиот глушец, а при тоа не чуло никаков шум или трескот. Така детскиот почетен осет за љубопитност кој го предизвикал глушецот, го заменува чувството за страв. На овој начин кај детето се формира условна негативна осетна реакција. Можело да се види и повеќе. Овој негативен осетен одговор (реакција) се проширил дури и на предметите и животните кои детето ги доживеало во слична положба (на пример зајак, куче и друго) иако пред тоа не се плашело од нив. Така Вотсон докажал дека детето може да научи одредени осети и рефлекси.

СУПЕРНОВА е нова животна школа за едукација, советување и психотерапија. Како дел од нашите услуги нудиме центар за личен раст и развој на поединци и групи, семејна психотерапија и советување, психодијагностика, центар за кариера, едукации и тренинг програми за бизнис клиенти, работилници за управување и развој на човечки ресурси, менторство (coaching).
Нема коментари:
Објави коментар