четврток, 23 јуни 2011 г.

Значајноста на чувството на заедница за развиток на карактерот


За развитокот на карактерот, голема улога имаат желбата за моќ и чувство на заедница. Човекот е приемлив за чувство на инфериорност. Во моментот кога ќе се појави чувството на пониска вредност почнува вистинскиот процес на неговиот душевен живот, се појавува тој немир кој бара сигурност за да може да ужива во животот во спокојство и радост. Со сфаќањето на чувството на пониска вредност, се јавуваат правила како треба да се однесуваме спрема детето. Главна работа е детето да го заштитиме од претешките, горките и темните страни на животот и во голема мера да му се покажува светлата страна на животот. Голема улога играат и телесните недостатоци кои се причина на таквите деца да им се укаже привилагија и да се применат посебни правила дури и да успееме во тоа, сепак не ќе можеме да спречиме таквите деца да не го осетат животот како тежок и да се сметаат себе си нешто различно од другите. 
   
Чувството на заедница може да се согледа во неговото мислење, тешкотиите, влијанијата од околината, недоволен развиток на органите, дејствување и да се измери. Нема ниеден човек кој би можел да се откаже од чувството на заедништво, да се ослободи од обврските спрема блиските. Големината на чувството на заедништво се покажува во сите појави во кои се изразува животот на човекот. Тоа се манифестира во однесувањето со другиот: како ќе го погледне, како ќе му ја испружи раката и како ќе разговара со него. Целото негово битие ќе го запознеме врз основа на самите чувства.

За разбирање на карактерот, треба да се има на ум севкупната позиција на човекот, а не само поедини појави како што се телесната градба, средината или воспитанието. 
 
 
СУПЕРНОВА е нова животна школа за едукација, советување и психотерапија. Како дел од нашите услуги нудиме центар за личен раст и развој на поединци и групи, семејна психотерапија и советување, психодијагностика, центар за кариера, едукации и тренинг програми за бизнис клиенти, работилници за управување и развој на човечки ресурси, менторство (coaching). 

Следете не на нашата официјална Facebook страна
 
 

Нема коментари:

Објави коментар