Луѓето можат да се поделат спрема тоа каков став завземаат спрема тешкотиите. Оптимистите, тешкотиите ги дочекуваат храбро, имаат верба во себе и поволен став спрема животот. Ги знаат своите способности, тешкотиите на животот лесно ги поднесуваат. Во тешките ситуации, тие се смирени и уверени дека грешките можат да се поправат. Тие не се плашат, зборуваат слободно и отворено и не се срамежливи. Можат да се претстават како луѓе кои ги очекуваат другите со раширени раце. Лесно се прилагодуваат спрема другите, лесно се вклопуваат во пријателства бидејќи не се неповерливи. Нивниот говор е слободен, движењето и одот отворени.
Другиот тип го сочинуваат песимистите. Тоа се луѓе кои уште од доживувањето и впечатоците од детството носат силно чувство на пониска вредност и поради тоа развиле чувство на пониска вредност и поради тоа развиле чувство дека животот не е лесен. Нивното песимистичко сфаќаќање, секогаш паѓа на темната страна на животот. Тие се посвесни за тешкотиите на животот одколку оптимистите и лесно губат храброст. Исполнети се со чувство на несигурност, тие се плашливи, бавни се и многу внимателни. Спиењето им е немирно, што секогаш е знак на несигурност и внимателност. Кога тие луѓе би имале право, тогаш не би требало ни да се спие. Кога навистина животот би бил тежок, како што смета овој тип, тогаш сонот би била штетна работа. Понекогаш нема пореметување на сонот туку други пореметувања, како што се дали вратата е добро затворена, често сонуваат за крадци.
Луѓето можат да се поделат на нападни и нападнати. Луѓето со нападен став, ако се храбри таа храброст ја покажуваат преку лутина, на самите себеси и на другите, секаде ќе се истакнуваат дека можат нешто да направат. Ако се плашливи, ќе се обидат да го отргнат стравот. Другите ќе настојуваат да го го угушат чувството на мекос и нежност бидејќи во тоа гледаат слабост. Понекогаш покажуваат и црти на грубост и свирепост. Ако се склони на песимизмот, тогаш често ќе ги менуваат сите свои односи спрема околината, несочувствуваат и спрема сите стојат со непријателски став. Нивното самопочитување може да достигне висол степен, тие се надуени со ароганција, ја покажуваат својата суета како да се победници. Друштвото не сака такви луѓе. Лесно се забележуваат и во својата околина предизвикуваат нерасположение. Секогаш се трудат да бидат први, доаѓаат во судир со другите, особено со истомислениците, бидејќи се предизвикува нивната конкуренција. Нивниот живот е непрекинат ланец на борба. Неуспехот во задачите врши на нив траен впечаток и нивниот развиток завршува таму каде што почнува другиот тип т.е. тие секогаш се чувствуваат нападнати.
Другиот тип „нападнати“ се луѓе кои во совладувањето на чувствата на својата слабост не ја бирале линијата на напор туку линијата на загриженост и плашливост. Нападнатите лошото искуство ги оптоварува и од тоа изнесуваат црни и страшни заклучоци и лесно се предаваат на бегство. На пример, се случува да се повлекуваат во минатото, интензивно да се занимаваат со своите сеќавања и да ја развиваат сопствената фантазија, а тоа им служи да се ослободат од реалноста. Овие луѓе се плашат од се и сешто, неповерливи се и од другите очекуваат само непријателство. Една честа карактерна црта на таквите луѓе се состои во тоа што тие стануваат критични и добиваат остар поглед, ги приметуваат сите грешки. Кога би се претставиле симболички, тогаш би имале лик на човек кој ги пружи рацете да се одбрани и го трга погледот за да не ја гледа опасноста. Таквите луѓе живеат во повлеченост, тие не сакаат да им подготват радост и да учествуваат во радост со другите, туѓата радост понекогаш им предизвикува болка и се чувствуваат повредени.

СУПЕРНОВА е нова животна школа за едукација, советување и психотерапија. Како дел од нашите услуги нудиме центар за личен раст и развој на поединци и групи, семејна психотерапија и советување, психодијагностика, центар за кариера, едукации и тренинг програми за бизнис клиенти, работилници за управување и развој на човечки ресурси, менторство (coaching).
Нема коментари:
Објави коментар