
Постојат луѓе кои едноставно се добри слушатели, додека други мораат да вложат значителен напор. Да се слушаат луѓето во денешно време и не е така лесно, затоа што имаме тенденција да работиме повеќе работи истовремено. Но, зошто да не пробаме нешто поинакво? Во продолжение имате мал број техники кои ќе ја подобрат Вашата комуникација.
Додека разговарате со некоја личност, пробајте да се концентрирате на неа и на тоа што таа личност сака да Ви го каже. Одржувајте контакт со очи, односно не дозволувајте Вашиот поглед (и концентрацијата) да залута, покажувајќи така дека сте силно заинтересирани да го слушнете тоа што личноста спроти Вас го зборува.Дајте им на знаење на соговорниците дека ги слушате и го разбирате секој нивни збор, климајте со глава и насмевнувајте се повремено, без разлика дали се сложувате или не со тоа што е кажано. Најважно е да го посветите своето внимание кон соговорникот.
За да покажете внимание, морате да поставувате прашања. Занимавајте се со тоа што го говори соговорникот, прашувајте и потпрашувајте, особено ако има нешто нејасно или ако личноста има различни мислења на одредена тема од Вашите. На нив тоа им е важно, бидејќи покажува дека навистина сте внимателни и заинтересирани.
СУПЕРНОВА е нова животна школа за едукација, советување и психотерапија. Како дел од нашите услуги нудиме центар за личен раст и развој на поединци и групи, семејна психотерапија и советување, психодијагностика, центар за кариера, едукации и тренинг програми за бизнис клиенти, работилници за управување и развој на човечки ресурси, менторство (coaching).
Нема коментари:
Објави коментар