четврток, 14 април 2011 г.

Најдете мир во тешките моменти

Кликнете на “Повеќе“ за неколку практични совети за тоа како да се справите со Вашите лични кризи. 
   
Споделете ја својата тежина и чувства со некој на кој му верувате и за кој знаете дека ќе Ве ислуша. Дури и да не може таа личност директно да Ви помогне, самиот акт на слушање ќе Ви делува терапевтски и ќе Ви помогне да се ослободите со дел од таа тежина.

Почнете да се соочувате со траумите и почнете да ја преживувате болката која произлегува од тие трауми. Потиснувањето на тој тип на чувства ретко вродува со плод, особено гледано на подолгорочни патеки.

Побарајте помош во средината каде што живеете, а доколку е потребно побарајте и професионална помош.

Грижете се за себеси преку редовни вежби, правилна исхрана и со одвојување периоди за релаксација и опуштање.

Бидете опкружени со семејството, со пријателите и со луѓето кои Ви значат и на кои им значите. Таквиот систем на поддршка е од значителна важност за пребродување на какви било препреки.

  
СУПЕРНОВА е нова животна школа за едукација, советување и психотерапија. Како дел од нашите услуги нудиме центар за личен раст и развој на поединци и групи, семејна психотерапија и советување, психодијагностика, центар за кариера, едукации и тренинг програми за бизнис клиенти, работилници за управување и развој на човечки ресурси, менторство (coaching).  

  

Нема коментари:

Објави коментар