Плеј терапија генерално е терапија наменета за работа со деца на возраст од 3 до 11 години и обезбедува начин за да ги искажат своите искуства и чувства. Децата искуствата и знаењата често ги соопштуваат преку игра и тоа претставува важен начин за нив да се запознаат и да се прифатат себеси и другите.
Плеј терапијата е системска употреба на теоретски модел да се воспостави меѓусебен процес во кој терапевтите ја користат играта за да им помогнат на клиентите да ги спречат или решат психосоцијалните предизвици и да се постигне оптимален раст и развој. Работната дефиниција може да има форма на советување или психотерапија во која се користи моќта на играта за да комуницираат со и да им помогне на луѓето, особено децата, да се поттикне оптимална интеграција и индивидуализација.
Плеј терапијата најчесто се користи како алатка за дијагноза. Терапевтот преку игра ја утврдува причината за нарушеното однесување. Шемите на игри можат да послужат како подготовка за да се комуницира со терапевтот и да се разбере основниот мотив за однесувањето.
Теми во овој модул се:
- Што е плеј терапија?
- Што се постигнува со користење на плеј терапија?
- Каде, кога и како се употребува?
- Дијагностика во плеј терапија
По завршувањето на овој Модул учесниците ќе знаат:
- Основно за плеј терапија и нејзина примена
- Колку може да се научи за детето преку неговата игра
- Како детето ги применува моделите на имитација кои ги има во својата околина
Нема коментари:
Објави коментар