понеделник, 11 април 2011 г.

Победете ги фобиите

Фобијата се дефинира како психичко пореметување - силен, внатрешен, често ирационален страв, кој секој од нас го има во себе во помала или поголема количина. 
    
На пример, пајаците се најчест страв меѓу луѓето. Знаеме дека звучи како клише, но за да се победат фобиите морате да се соочите со стравот. Тоа не го правите наеднаш, туку постепено, а за тоа Ви е потребна храброст.

Прво, направете листа на фобии, која ќе Ви започнува од најслабите, а ќе заврши со најсилните стравови кои ги имате. Исто така, вклучете ги работите од типот “да бидам сам“ исл, затоа што и тоа е тип на фобија.

Полека, со поддршка на пријателите, семејството или преку терапија, соочете се со своите стравови. Победете ги. Стравовите од листата нападнете ги еден по еден и кажете им “веќе не ти се плашам“. Почнувајќи од најслабите, ќе изградите храброст за соочување и со силните стравови.


СУПЕРНОВА е нова животна школа за едукација, советување и психотерапија. Како дел од нашите услуги нудиме центар за личен раст и развој на поединци и групи, семејна психотерапија и советување, психодијагностика, центар за кариера, едукации и тренинг програми за бизнис клиенти, работилници за управување и развој на човечки ресурси, менторство (coaching).  

  

Нема коментари:

Објави коментар