Менталното здравје претставува позитивен баланс на социјалните, физичките, духовните, економските и менталните аспекти од животот на луѓето, и е важно колку и физичкото здравје. Кога луѓето се ментално здрави, тие се способни за продуктивни дневни активности, за одржување на социјални врски со други луѓе и способни се да се прилагодат на промените и соодветно да се соочат со стресот.
Теми во овој модул се:
- Што е ментално здравје?
- Примена на ментално здравје во секојдневието
- Што значи да си ментално здрав?
- Разлики меѓу здравје и болест
По завршувањето на овој Модул учесниците ќе знаат:
- Основно за ментално здравје
- Колку е важно да се биде ментално здрав
- Како функционираат ментално здравите луѓе во секојдневието
Нема коментари:
Објави коментар