петок, 21 јануари 2011 г.

Трансакциона анализа


Трансакционата анализа (Т.А.) претставува психотерапевтски правец кој ги проучува трансакциите меѓу луѓето, односно нивната комуникација. Основач на трансакциската анализа е Ерик Берн. Според него вербалната комуникација, особено комуникацијата лице в лице е клучна за врските и комуникацијата меѓу луѓето. Берн воведува повеќе клучни идеи карактеристични за неговата теорија врз основа на кои ги објаснува интракциите меѓу луѓето.

Меѓу нив клучни се трите его состојби– Родител, Дете и Возрасен од кои се состои секоја личност. Его состојбите претставуваат специфичен начин на размислување, чувствување и однесување. Со помош на егограм може да се прикаже силата на его состојбите на едно лице, што е многу корисно за да се проследи промената на луѓето во текот на времето. Интеракциите на луѓето се создадени од трансакции кои имаат два дела стимул и одговор. Поимот строук се однесува на уважувањето на едно лице од страна на друго изразено преку физички или вербални манифестации додека пак игрите претставуваат прикриени пројавувања на строуковите. Егзистенцијалната позиција на лицата, го претставува начинот на кој тие се дефинираат себе си и се поставуваат кон другите – ОК или не ОК. Животни скрипти се очекувања дека животот на луѓето ќе се одвива на предвидлив начин. Бидејќи трансакциската анализа ги гледа луѓето како способни да одредат што сакаат во животот таа се заснива на заеднички договор меѓу терапевтот и клиентот.

Теми во овој модул се:
  • Што е трансакциска анализа 
  • Его состојби 
  • Егограм 
  • Трансакции  
  • Строук  
  • Животни скрипти  
  • Егзистенцијални позиции  
  • Договор
 
По завршувањето на овој модул учесниците ќе ги научат:
  • Основите на трансакциската анализа 
  • Основните поими и нивното значење  
  • Историјата и филозофските претпоставки  
  • Полиња на примена на трансакциска анализа - едукативна, организациска и советување  
  • Ќе добијат искуствена работа од областа на трансакциската анализа 
 
 
 

Нема коментари:

Објави коментар