Гешталт терапијата е нов психолошки правец врз кој силно влијание имале психоанализата, неопсихоанализа, хуманистичките науки, феноменолошката филозофија, егзистенционалната филозофија, филозофијата од истокот, организмичката теорија и теоријата на полето. Татко на гешталт терапијата е Фриц Перлс.
Зборот Гешталт (Gestalt) има германско потекло и значи целина, примарно дадена, која не се сведува само на збир на елементи, туку и на нов квалитет.
Според Перлс, некомплементарниот емоционален гешталт создава одредени психолошки проблеми кај луѓето, тој троши енергија и таа останува заробена во згрчените мускули на телото, мимиката и гласот како симболички содржини. Во психолошка смисла тоа значи дека некои луѓе како да немаат очи, уста, раце и уши.
Основната цел на гешталт-терапијата е да си помогне личноста да постигне интегрираност и целина. Интегрираноста подразбира личност која е целина и која е составена од чувства, перцепции, мислење и физичко тело.
Човекот е здрав додека е во контакт со самиот себе, со својата околина и односите меѓу себе и околината. Оздравувањето се постигнува преку свесноста за себе и сопствените потреби, која некогаш во минатото сме ја изгубиле.
Гешталт терапијата нуди хуманистички пристап, убедување дека човекот може да живее потполно, побогато, позадоволно и да верува во себеси.
Гешталт терапијата нуди психичко растење и развивање, ширење и откривање на себеси. Нѐ учи како повторно да чувствуваме, да се смееме, плачеме или да бидеме бесни.
Теми во овој модул се:
- Што е гешталт терапија?
- Основни принципи на гешталт теорија
- Структура на личност
- Динамика на личност
- Развој на личност
- Тераписки процес
- Дијагностика во гешталт терапија
По завршувањето на овој Модул учесниците ќе знаат:
- Основно за гешталт терапија и нејзината примена
- Како да функционираат сега и овде
- Кои се нивните вистински потреби
- Какви очекувања имаат од самите себе и од другите
- Како да станат одговорни за своите реакции и однесување
Нема коментари:
Објави коментар