Системскиот приод ја нашол својата широка примена во развојот на системско-семејната теорија и одржува голема промена на парадигмата во концепирање на растот и развојот на семејството. Примената на семејната и системска терапија овозможува целосно разбирање на семејните проблеми и согледување како семејството како една целина ги третира и се однесува кон истите.
Семејната психотерапија е психосоцијална интервенција која е насочена кон семејството како целина, со психотерапевтски метод на лекување кој е фокусиран на промени на семејните односи и начинот на семејното функционирање.
семејната и системска терапија е оригинална по разбирањето на каузалноста на настанувањето на проблемите во индивидуалното и семејното живеење. Наместо линеарната (причинско-последична), овој пристап го нуди циркуларниот модел на каузалност, според кој последицата е истовремено причина која станува последица. На тој начин, проблемите добиваат релациска димензија во која одговорноста за состојбите е взаемно споделена меѓу учесниците во интеракцијата.
Според својата структура, семејната и системска психотерапија е ориентирана на “сега” и “овде”, но истовремено го почитува влијанието на минатото кое за семејството е многу важно и ја планира иднината.
Една од техниките што се користи во смејната и системска терапија е интерпретација на генограмот (семејно стебло) и негова примена во дијагностички, терапевтски и истражувачки цели. Но, најоригинална техника која се користи е self-от (себството) на терапевтот во психотерапијата низ рефлексивните и саморефлексивните процеси.
Теми во овој модул се:
- Што е семејна и системска терапија?
- Техники што се користат во семејна и системска терапија
- Решавање на проблемите од минатото сега и овде за да се подобри иднината
- Комуникација и интеракција во самото семејство како еден систем
- Дијагностика во семејна и системска терапија
По завршувањето на овој Модул учесниците ќе знаат:
- Основно за семејна и системска терапија и нејзината примена
- Како полесно да ги совладаат проблемите што постојат во семејството
- Како да се подобри комуникацијата помеѓу членовите во едно семејство
- Како правилно треба да функционира едно семејство
Нема коментари:
Објави коментар