среда, 29 јануари 2014

Конференција за зајакнување на Гешталт Терапевти во ЦЕИ регионот




Почитувани колеги и соработници,
Советувалиште за Хумана Соработка – Гешталт Тренинг Институт, со задоволство Ве кани на првата “Конференција за зајакнување на Гешталт Терапевти во ЦЕИ регионот”, која ќе се одржи на 5ти и 6ти Април, во Скопје, Македонија.

Конференцијата има за цел, зголемување на комуникација и вмрежување помеѓу Гешталт професионалци и организации во ЦЕИ Регионот. Централниот Европски Регион се состои од следните земји кои се поканети на конференцијата: Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Алабанија, Белорусија, Австрија, Босна и Херцеговина, Чешка, Бугарија, Романија, Словачка, Унгарија, Италија и Украина. Со организација на оваа конференција, ќе придонесеме кон раст и развој на Гешталт терапијата како професија во Македонија и регионот.


Оваа конференција е само почеток на понатамошни активности за зајакнување на Гешталт терапијата како професија која може да се користи и адаптира во многу други различни полиња како: економија, бизнис развој, човекови ресурси, менаџмент и слично.
Темата на оваа конференција е Гешталт Практика во Организации - ГПО.

Детали за учество:

Доколку сте заинтересирани да учествувате на конференцијата Ве молиме испратете потврда за присуство, не подоцна од 5ти Март, 2014 на info@shs.com.mk .

Доколку сте заинтересирани да презентирате труд на темата како говорник на конференцијата, Ве молиме испратете абстракт (100 зборови), не подоцна од 15ти Февруари, 2014 на info@shs.com.mk . Финалната презентација на трудот треба да ја испратите не подоцна од 15ти Март, 2014.

Котизацијата за учество на конференцијата изнесува:
·         За Гешталт Терапевти надвор од Македонија – 100 Евра
·         За студенти на Гешталт Терапија, надвор од Македонија  – 70 Евра
·         За земји од Југоисточна Европа – 50  Евра
·         За учесници од Македонија – 25 Евра

Финалната агенда ќе биде испратена до сите учесници на 10ти Март, 2014та година.

Искрено,
Биљана Копрова,
Генерален Менаџер на Советувалеиште за Хумана Соработка
Гешталт Тренинг Институт




Нема коментари:

Објави коментар