Кој има повеќе стрес? Лидерите или оние
кои работат за нив?
Новата студија која доаѓа од Харвард, ја
тестира вобичаената перцепција дека лидерите имаат повисоки нивоа на стрес во
споредба со нелидерите. Студијата која е објавена во Proceedings of the National Academy of Sciences, открива дека
оние кои имаат лидерски позиции, всушност, искусуваат помалку стрес.
Истражувачите ги тестирале нивоата на
стрес на лидерите и нелидерите и откриле дека лидерите имаат значајно пониски
нивоа на кортизол (стрес хормонот) и помали известувања за анксиозност, во
споредба со нелидерите. Во втората студија, тие нашле дека лидерите кои имаат
помоќни позиции имале пониски нивоа на кортизол и пријавиле помала анксиозност
во споредба со лидерите кои имаат не толку моќни позиции.
Авторите припишуваат голем дел од тоа што
откриле, на психолошкиот фактор, вообичаено поврзан со силните ефекти на
амортизирање на стресот – голема способност за контрола. Кога вие сте „главни“,
најверојатно имате подобра контрола врз факторите кои предизвикуваат стрес.
Понатаму, студијата открила и дека поверојатно е лидерите да спијат помалку, да
конзумираат повеќе кофеин и поредовно вежбаат, а веројатноста е мала тие да се
пушачи.
Секако, ова не значи дека лидерите не
искусуваат негативен стрес или дека сите лидери се справуваат подобро со
стресот отколку нивните вработени. Како и да е, сугерира дека тие кои имаат
лидерски позиции имаат повеќе од можност да го контролираат стресот во нивниот
живот, бидејќи имаат подобра контрола врз тоа што се случува на работното
место. Искористувањето на оваа можност, всушност, може да е клучот за
редуцирање на стресот. Исто така, може да биде и тоа што луѓето со подобри
вештини за управување со стресот, или пак, тие со повисоко ниво на толеранција
на стрес, поверојатно е дека ќе се искачат на лидерските позиции.
Нема коментари:
Објави коментар