вторник, 19 април 2011

Зголемете ја Вашата креативност

На “Повеќе“ имате неколку корисни совети кои ќе му помогнaт на секој од Вас да ја подигне својата креативност и да ги стимулира креативните мисли... Клик, клик.
    
Создадете си мирно и тивко место каде што Вашиот мозок може да биде опуштен. Пробајте да не се грижите за околината, туку концентрирајте се на мирниот и тивкиот момент кој сте го создале. Слушајте си ги сопствените мисли и идеи кои Ви доаѓаат додека уживате во тишината.

Но, некогаш мора да се случи спротивното – стимулација во гласна околина. Во тој момент пронајдете музика во која уживате и која Ви поттикнува нови мисли. Класичната музика е популарна за релаксација, а и за инспирација, но слободно одберете и некој друг правец кој Ве опушта и/или Ве тера на размислување.

Запишувајте ги идеите на хартија. Запишувањето на мислите и идеите ќе Ви помогне да се фокусирате на создавањето нови идеи и откривања.

Играјте игри, по можност некои кои во себе инкорпорираат карактери. Следете ги своите карактери, тоа ќе Ве однесе чекор понапред (и во играта и во креативноста).

СУПЕРНОВА е нова животна школа за едукација, советување и психотерапија. Како дел од нашите услуги нудиме центар за личен раст и развој на поединци и групи, семејна психотерапија и советување, психодијагностика, центар за кариера, едукации и тренинг програми за бизнис клиенти, работилници за управување и развој на човечки ресурси, менторство (coaching).  

  

Нема коментари:

Објави коментар