
Твојата иднина зависи од овој испит. И од следниот. И од следниот. Помини добро, освој висок број бодови и ќе можеш да се запишеш на факултетот од твоите соништа. Освој низок број бодови, и... добро, можеби е подобро да не мислиш на тоа сега. А сепак, тоа е единственото на кое можеш да мислиш. Како што изминува зададеното време за тестот и тие околу тебе брзо пишуваат со нивните моливи и пенкала, ти зјапаш во тестот. Мозокот одеднаш престанува да ти работи. Блокада.
Можеби нема да се најдеш во ваква ситуација доколку прво ги запишеш своите чувства и грижи за тестот, велат психолозите Херардо Рамирез и Сиан Бејлок од Универзитетот на Чикаго. Нивното истражување, објавено во Science, покажува дека учениците (основци, средношколци и студенти) кои паничат и се под стрес за време на испит/тест имаат корист од запишување на нивните чувства. Имено, студентите кои поминале само 10 минути пренесувајќи ги нивните грижи во пишана форма освојувале повеќе бодови од оние кои пишувале за нешто друго или не пишувале воопшто. Вежбата била посебно ефективна за студенти кои редовно искусуваат блокада при притисок.
Можеби нема да се најдеш во ваква ситуација доколку прво ги запишеш своите чувства и грижи за тестот, велат психолозите Херардо Рамирез и Сиан Бејлок од Универзитетот на Чикаго. Нивното истражување, објавено во Science, покажува дека учениците (основци, средношколци и студенти) кои паничат и се под стрес за време на испит/тест имаат корист од запишување на нивните чувства. Имено, студентите кои поминале само 10 минути пренесувајќи ги нивните грижи во пишана форма освојувале повеќе бодови од оние кои пишувале за нешто друго или не пишувале воопшто. Вежбата била посебно ефективна за студенти кои редовно искусуваат блокада при притисок.
Кога многу посакувани награди, како влез на факултет и добивање стипендии, зависат од еден испит, нервозните полагачи се во крајно неповолна позиција. “Истражувањето покажа дека тестот не е приказ за способноста и знаењето на ученикот“, вели Бејлок, автор на книгата “Блокада“ (“Choke“). “Ако ја знаеме науката позади нервозата поврзана со тестовите, можеме да адаптираме кратка, ефективна интервенција и да им помогнеме на учениците да го покажат нивниот потенцијал“, вели таа.
Во истражувањето, научниците замолиле студенти на факултет да полагаат испит по математика кој опфаќал материјал кој го немале сретнато дотогаш. Потоа, ги направиле работите уште постресни. На студентите им бил даден втор испит, но овој пат им било кажано дека ќе добијат пари доколку го положат. Понатаму, им било кажано дека имаат партнер, кој веќе поминал добро, и дека ќе ги разочараат доколку не успеат и тие да бидат успешни. За крај, им кажале дека ќе бидат снимани со видео камера за време на тестот, за да можат нивните професори и пријатели да ги гледаат.
Пред почетокот на вториот тест, некои од студентите биле замолени да пишуваат за нивните емоции, а другите биле замолени да седат и да бидат тивки. Студентите кои ги “истуриле“ своите нервози на хартија покажале, во просек, подобрување од 5%, додека другите потпаднале под притисокот и ги намалиле своите резултати за 12%.
Но, не била само диверзијата која пишувањето ја створило одговорна за подобрите резултати, еднакво важно е што било пишувано. Студентите кои биле замолени да пишуваат за минати искуства или за материјалот кој мислеле дека ќе го има на тестот поминале полошо од оние кои ги изразиле своите чувства. “Пишувајќи за нивните грижи им дозволува на студентите да ја преиспитаат целата ситуација со тестот и повторно да ја проценат“, вели Бејлок. “Ова ослободува некои од ресурсите за меморија во мозокот и ја зголемува способноста за фокусирање“.
Иако може да звучи контрапродуктивно да терате луѓе кои паничат по природа да се фокусираат на нивните стравови, истражувачите велат дека користа од пренесување на своите чувства на хартија е добро документирана кај жртви на трауми и депресивни луѓе. Џеф Коен, професор по психологија на Универзитетот Станфорд, кој не бил вклучен во истражувањето, вели дека катарзата која настанува кога ги запишувате своите чувства е многу добро прикажана во блуз музиката. “Трансферот на вашите мисли и чувства во пишан збор докажано ја зголемува емоционалната, па дури и физичката добросостојба“, вели тој.
Наоружани со овие податоци, научниците ја спровеле техниката на терен, меѓу американски ученици од деветто одделение кои полагале завршни испити кои можат да влијаат на нивните можности за запишување на посакуваниот колеџ. И во овој случај, субјектите кои пишувале за своите чувства пред тестот поминале многу подобро од оние кои пишувале на друга тема. Исто така, учениците кои претходно имале најголем степен на нервоза покажале најголем степен на подобрување.
“Интересното е како оваа студија го преминува јазот помеѓу лабораторијата и вистинскиот свет“, вели Арт Маркман, истражувач по психологија на Универзитетот на Тексас и уредник на магазинот Cognitive Science. “Да се манипулира учинок во контролиран лабораториски експеримент и потоа да се пренесе во природна средина е навистина значаен чекор“, вели тој.
Во иднина, групата на Бејлок планира да проучува дали ваквиот начин на пишување ги подобрува резултатите на студентите припадници на стигматизирани групи, како жени и математика, кои можеби и самите очекуваат да поминат лошо. “Станува збор за едноставна интервенција која не одзема многу време надвор од училница“, вели таа.
Извор: www.sciencemag.org
СУПЕРНОВА е нова животна школа за едукација, советување и психотерапија. Како дел од нашите услуги нудиме центар за личен раст и развој на поединци и групи, семејна психотерапија и советување, психодијагностика, центар за кариера, едукации и тренинг програми за бизнис клиенти, работилници за управување и развој на човечки ресурси, менторство (coaching).
Нема коментари:
Објави коментар