Секој професионалец и вработен знае колку е лоша сегашната светска економска состојба – нема работа, луѓе се отпуштаат, плати се намалуваат, работните одговорности се зголемуваат, нема бонуси, нема проценки, а што е најлошо, сите живеат во страв дека можат да ја изгубат работата во секој момент. Сосема разбирливо е колку стресно сето ова може да биде за работниот народ. Но, мора да се изнајде начин за справување со сите овие појави или ќе Ви биде сѐ потешко да се сконцентрирате на работата и добро да ја извршите истата. Во продолжение следат неколку начини за тоа како да го пренасочите својот ум од овие стресни ситуации и, како резултат, да бидете посреќни на своето работно место.
Кога сте преоптоварени со лични проблеми, може да биде навистина тешко да се концентрирате на задачите и да бидете среќни. Научете да ги споделувате Вашите проблеми со некои од колегите кои Ви се поблиски. Не оставајте проблемите да се наталожат во Вас или ќе завршите чувствувајќи се депресивно. Следете едно едноставно правило и секогаш ќе бидете среќни: Оставете ги Вашите лични грижи дома и Вашите професионални проблеми на работа, и видете ја промената која тој став ја носи. Понатаму, ова ќе Ви помогне да бидете пофокусирани и попродуктивни на работа.
- Опуштете се: Најверојатно поминувате барем осум часа дневно на работа, што значи дека поминувате повеќе од продуктивното време на работа отколку дома. Затоа, направете го Вашиот работен простор свој, наместете го така како Вие сакате, ставете слики од Вас и Вашите блиски, наредете предмети кои Ви значат, итн. Аранжирајте го Вашето ќоше онолку колку што Ви дозволува компанијата, и бидете колку што можете покомфорни и поопуштени во таа средина.
- Имајте емоционален систем за поддршка во канцеларијата: Да имате пријатели меѓу колегите кои делат слично мислење и водат сличен живот како Вас може значително да го намали притисокот на работното место. Кога имате можност да ги споделите Вашите чувства со некој кој добро Ве разбира, резултатот е значајно минимизирано ниво на стрес.
- Одржување на здрава диета и пиење голема количина на течности (вода, особено) може навистина да направи разлика во Вашето ниво на енергичност и Вашиот став. Кога велиме “здрава диета“, не мислиме на ништо драстично, туку да избегнувате да јадете премногу преработена храна како бел леб и работи кои содржат шеќер.
- Кога ќе стигнете на работа, не се залепувајте на Вашата столица работејќи цел ден. Протегнете ги малку нозете од време на време. Излезете на чај или кафе со Вашите колеги/пријатели, муабетете со Вашите соработници или прочитајте нешто интересно. Немојте да бидете опседнати со работата.
- Не се обидувајте да ги промените другите: Треба да Ви е познато досега, барем на некое ниво, дека не можете да ги промените тие околу Вас, туку дека можете само да внесете промени во себеси. Изнајдете начин ефективно да ги решите конфликтите, избегнувајте непријатни ситуации, и ќе бидете многу позадоволни на работа.
- Почестете се од време на време: Направете нешто кое Ве прави навистина среќни, едноставно наградете се себеси, без разлика дали станува збор за вечера со семејството или пријателите, гледање филм или одење на маникир/педикир. Како што стресот од личниот живот може да влијае на Вашите професионални перформанси, така и позитивните аспекти од Вашиот личен живот можат да влијаат на Вашето расположение на работа.
- Фокусирајте се на позитивното: Идентификувајте ги сите ситници исл. кои Ви се допаѓаат во работната средина. Може да биде разговарање со Вашите пријатели онлајн за време на паузата или убавиот поглед од канцеларијата. Креирајте си своја парадигма, свој mindset. Доколку се фокусирате на позитивните нешта, Вашата работа ќе биде толку многу полесна, но ако продолжите да се фокусирате на негативните нешта, создавајќи си континуален стрес, може да Ви предизвика депресија и чувство на преоптовареност.
Извор: www.citeman.com

СУПЕРНОВА е нова животна школа за едукација, советување и психотерапија. Како дел од нашите услуги нудиме центар за личен раст и развој на поединци и групи, семејна психотерапија и советување, психодијагностика, центар за кариера, едукации и тренинг програми за бизнис клиенти, работилници за управување и развој на човечки ресурси, менторство (coaching).
Нема коментари:
Објави коментар