
Вчера ги поминавме првите 6 “валкани“ навики кои треба секогаш да ги избегнувате во Вашите интеракции со луѓето доколку сакате да ги развиете посакуваните интерперсонални вештини. Денес се фокусираме на вторите шест навики. Притиснете на “Повеќе“ и ѕирнете ги навиките од број 7 до број 12.
Валкана навика бр. 7: Неслушање. Да се биде добар слушател е клучно. Сте забележале како почнува да Ви бега вниманието само моменти откако другата личност почнала да зборува? ОК, доколку навистина не Ви е гајле за таа личност, тогаш добро. Но доколку тоа не е случај, мора да вложите труд и да слушате, а и да ги оставите другите да зборуваат. Ова може само да Ви помогне да стигнете подалеку во разговорот.
Валкана навика бр. 8: Неодржување контакти со Вашите познаници. За да се осигурате дека ги имате најдобрите можни врски со луѓето кои ги познавате, морате да останете во контакт со нив. Проверувајте ја редовно Вашата листа на контакти и потсетувајте ги дека постоите. Не велиме да им се јавувате два-три пати неделно, но мал контакт одвреме-навреме е секогаш добра работа.
Валкана навика бр. 9: Избегнување проактивност. Кога нема доволно акција и нештата изгледаат досадно, останува на Вас да го направите следниот чекор. Доколку не сте задоволни со моменталната ситуација, не барајте кривица кај другите, туку сторете нешто во врска со тоа. Да бидеме искрени: никому навистина не му е грижа дали сте несреќни (освен можеби на Вашата мајка)...
Валкана навика бр. 10: Занемарување на Вашиот социјален живот. Доколку сакате другите да уживаат во Вашето друштво, мора да им покажете дека сте забавна личност со која е интересно да се поминува време. Доколку сте навистина трудољубив и главниот фокус ви е работата, Ви честитаме! Но, треба повремено да излезете од дома/канцеларија и да станете познати и по Вашите ноќни авантури. Живејте го Вашиот живот до максимум!
Валкана навика бр. 11: Несоочување со Вашите стравови. Ова всушност се однесува на сите аспекти од Вашиот живот, но во сегашниот контекст мислиме на запознавање нови луѓе, унапредувања во Вашата кариера, итн. Доколку треба да направите нешто логично, но Вашите емоции Ве попречуваат, тогаш треба да ја анализирате ситуацијата и да употребите малку здрав разум.
Валкана навика бр. 12: Одбивање да бидете отворени кон нови нешта. Во светот има луѓе од секаков тип: различни религии, различни култури, различни јазици. Научете да ги прифатите другите за тоа што се, а не за тоа што Вие сакате да бидат. Дадете им ја Вашата целосна поддршка и почит и разрешете ги недоразбирањата и разликите (освен ако Вие не сте тие кои не ја добиваат почитта која ја заслужувате).
Извор: www.overcome-shyness.com
СУПЕРНОВА е нова животна школа за едукација, советување и психотерапија. Како дел од нашите услуги нудиме центар за личен раст и развој на поединци и групи, семејна психотерапија и советување, психодијагностика, центар за кариера, едукации и тренинг програми за бизнис клиенти, работилници за управување и развој на човечки ресурси, менторство (coaching).
Нема коментари:
Објави коментар