вторник, 26 април 2011 г.

12 “валкани“ навики кои Ве спречуваат да развиете одлични интерперсонални вештини (прв дел)

Постои веројатност, доколку не сте многу успешни во справувањето со луѓе, дека не сте ја имале шансата за вистински да се едуцирате себеси на темата. Да учите да се справувате со луѓе е како кога учите да одите, само што е потребен многу поголем труд. Замислете дека целиот живот Ве учеле да одите наназад. Дали ова би го направило Вашиот живот значително потежок? Се разбира. Како и со сѐ друго, треба да научите како точно да се однесувате со луѓето. Со тоа на ум, во продолжение ги имате 12-те “валкани“ навики (6 денес, 6 утре) кои треба да ги избегнувате во Вашите интеракции со останатите. 
     
Валкана навика бр. 1: Гледање во под додека зборувате со некој. Мора да научите да гледате директно во соговорниците кога разговарате со нив. Ако Ве научиле дека зјапањето во луѓе е некултурно, апсолутно биле во право. Но, ова не значи дека не можете да гледате некого во очи.

Валкана навика бр. 2: Згрбавеност кога стоите или седите. Бидете исправени. Да сте висок во нашето општество е добра работа. Кога сте згрбавени, изгледате многу пониски и недоверливи. Исправеноста не само што ќе направи да изгледате повисоко, туку ќе Ви даде и изглед на самодоверба.

Валкана навика бр. 3: Намуртеност и недоволно насмевнување. Никој не сака да поминува време со некој кој е во лошо расположение. Доколку не се чувствувате најдобро, пробајте да одржите дистанца. Луѓето сакаат да поминуваат време со весели, оптимистички настроени луѓе. Потрудете се да се насмеете, дури и кога не Ви е до смеење.

Валкана навика бр. 4: Избегнување непознати. Уште од денот кога сте родени, Вашите родители Ве научиле никогаш да не зборувате со непознати. Тоа е навистина така додека сте дете, па и тинејџер, но сега кога сте веќе возрасни работите се променети. За да можете да развиете одлични интерперсонални вештини, мора да Ви биде удобно разговарањето со различни типови на луѓе. Гледајте да запознавате што е можно повеќе луѓе, ширејќи ги така и Вашите познанства и искуството.

Валкана навика бр. 5: Оставање лош прв впечаток. Дали знаевте дека луѓето ќе судат скоро сѐ за Вас врз основа на Вашиот прв впечаток? Мора да се потрудите да се согласувате со личноста со која се среќавате, и ќе си заштедите себеси многу недоразбирања и проблеми во иднина.

Валкана навика бр. 6: Невложување труд за да станете добар говорник. Доколку сакате да развиете навистина добри интерперсонални вештини, мора да бидете одличен соговорник. Ова не значи дека треба многу да зборувате или да зборувате елоквентно, ова значи дека треба да зборувате соодветно. Треба да се изразувате отворено и да ги бирате свои зборови. Во основа, треба да слушате што кажувате, а не да зборувате за сѐ што ќе Ви падне на памет.
  
Извор: www.overcome-shyness.com
    
СУПЕРНОВА е нова животна школа за едукација, советување и психотерапија. Како дел од нашите услуги нудиме центар за личен раст и развој на поединци и групи, семејна психотерапија и советување, психодијагностика, центар за кариера, едукации и тренинг програми за бизнис клиенти, работилници за управување и развој на човечки ресурси, менторство (coaching). 

Нема коментари:

Објави коментар