среда, 23 март 2011 г.

Фотографија од саканата личност ја намалува болката до 44 проценти



Научниците откриле дека фотографиите на саканите можат да ја ублажат болката. Тие велат дека фотографија од партнерот со кој сте романтично инволвирани ја намалува активноста во деловите од мозокот кои се поврзани со болката. Ефектот е речиси ист како ефектот кој го има парацетамолот или наркотиците како кокаин.

Студија на Универзитетот Стенфорд открила директна поврзаност помеѓу чувствата како емотивна поврзаност и ублажувањето на болка. Мозоците на студенти кои биле вљубени биле скенирани со магнетна резонанса додека тие се фокусирале на фотографии од нивните партнери, а нивната кожа била подложена на болка предизвикана од различни нивоа на топлина. Невронаучникот Џеред Јангер открил дека, во просек, болката била намалена помеѓу 36 и 44 проценти, а чувствата на интензивна непријатност биле намалени до 13 проценти. 

Во студијата која Јангер ја објавил, изјавил: “Намалувањето на болката се поврзува со повисоките, надворешни делови на мозокот. Намалувањето на болката поради љубов се поврзува со центрите за награда. Изгледа дека во процесот се опфатени попримитивните аспекти на мозокот, кои активираат длабоки структури кои можат да ја блокираат болката на ниво на ’рбетен мозок, на сличен начин како и опиоидните аналгетици. Една од клучните локации е nucleus accumbens, клучен центар за награди/зависност од опијати, кокаин и други дроги. Овој регион му кажува на мозокот дека треба да продолжи да го прави тоа што го прави, што ни кажува дека не мора да зависиме од дроги за да ја намалиме болката. Луѓето можат да имаат интензивна корист од нивните чувства, без несаканите појави и последици поврзани со дрогите.“

Во посебна анализа, тим психолози од Универзитетот од Калифорнија проучувале 25 жени и нивните партнери повеќе од шест месеци, подложувајќи ги на различни нивоа на болка преку остро чувство на боцкање. За време на различните „стимулации“, жените или ја држеле раката на својот партнер или раката на непознат маж кој биле скриен зад завеса. Во други случаи, на жените им било речено да гледаат во фотографија од партнерот или фотографија на непознат маж додека биле боцкани. Истражувачите откриле дека жените покажувале значително намалено искусување на болка кога ја држеле раката на партнерот. Но, изненадувачки било што и фотографијата на нивниот романтичен партнер имала ист ефект врз намалувањето на болката, а и во двата случаи ефектот бил поизразен отколку кога се работело за непознат маж.

Извор: www.dailymail.co.uk

СУПЕРНОВА е нова животна школа за едукација, советување и психотерапија. Како дел од нашите услуги нудиме центар за личен раст и развој на поединци и групи, семејна психотерапија и советување, едукации и тренинг програми за бизнис клиенти и фирми, работилници за управување и развој на човечки ресурси, менторство (coaching). 



Нема коментари:

Објави коментар