
Барате начини да бидете повеќе креативни, но немате многу време? Прочитајте ги советите кои следат и подобрете ја својата креативност со одвојување 10 минути дневно.
Почнете со 5 минутна рутина секое утро: Веднаш откако ќе се разбудите, пред да станете од кревет, земетe мал блок/нотес исл и нацртајте/запишете внатре сѐ што ќе Ви падне на памет. Ова претставува силна алатка за поттикнување на креативноста и врската меѓу потсвеста и свеста. После 5 минути, тргнете сѐ настрана и продолжете со своето нормално (секојдневно) утро.
Посветете му 2 минути на детето во Вас, односно дозволете си себеси барем 2 минути дневно за да го пробудите детското во себе. Правете балони, танцувајте, скокајте и смејте се. Покрај поттикнувањето на Вашите креативни процеси, ваква активност може да биде и крајно терапевтска.
Одвојте 3 минути дневно за размислување. На крајот од секој ден земете 3 минути и размислете за Вашето креативно развивање. Кои теми и обрасци настануваат од Вашите утрински мисли? Кои изостануваат? Кои се следните чекори за да ги одведете идеите на следното ниво? итн.
СУПЕРНОВА е нова животна школа за едукација, советување и психотерапија. Како дел од нашите услуги нудиме центар за личен раст и развој на поединци и групи, семејна психотерапија и советување, психодијагностика, центар за кариера, едукации и тренинг програми за бизнис клиенти, работилници за управување и развој на човечки ресурси, менторство (coaching).
Нема коментари:
Објави коментар