четврток, 31 март 2011 г.

Како да се подобри еден школски систем?

Што мора да направи еден школски систем кој има слаби резултати за да биде добар? И што мора еден систем кој има добри резултати да направи за да биде одличен? Во најновиот извештај на МекКинси, “Како најдобрите светски школски системи продолжуват да се подобруваат“, тие се обидуваат да ги одговорат овие прашања. 
  
МекКинси анализирале 20 системи од целиот свет – сите со подобрен учинок, но на различно ниво – и испитале како секој од нив ги достигнал, одржил и проширил подобрувањата во резултатите на нивните ученици, мерено според интернационални и национални стандарди. Извештајот е базиран на на две истражувачки гранки: интервјуа со повеќе од 200 клучни фигури во школските системи и на анализа на преку 600 интервенции кои биле спроведени во рамките на системите – составувајќи глобална датабаза за школски реформи за која се смета дека е најобемна досега. Датабазата ги идентификува елементите кои можат да се реплицираат во било кој школски систем и елементите кои се специфични, на скала од слаби кон доволни кон добри кон многу добри кон одлични. 

Меѓу другите наоди, извештајот покажал дека секој еден школски систем може да се подобри, без разлика на почетната точка, и да стане значително поефективен во период од 6 (шест) години. Истражувањето сугерира дека сите системи кои се во нагорна насока имплементираат слични групи на интервенции за да се подигнат од едно ниво на друго, без разлика на нивната култура, географија, политика или историја. Едно конзистентно множество на интервенции ги поместува системите од слабо кон доволно ниво, друго множество од доволно кон добро, итн. Но, достигнувањето на секое ниво бара постоење и на заеднички групи на интервенции, кои системите можат да ги секвенцираат, тајмираат и извршуваат на различен начин. 

Додека не постои една и единствена патека која би загарантирала подобар учинок, искуствата на опфатените 20 образовни системи покажуваат јасни сличности во нивниот пат кон усовршување. Извештајот ги опишува аспектите кои се универзални, аспектите кои се специфични и како тие два типа се поврзани еден со друг. 

За повеќе информации, ѕирнете го целиот извештај тука.

Извор: www.mckinsey.com

СУПЕРНОВА е нова животна школа за едукација, советување и психотерапија. Како дел од нашите услуги нудиме центар за личен раст и развој на поединци и групи, семејна психотерапија и советување, психодијагностика, центар за кариера, едукации и тренинг програми за бизнис клиенти, работилници за управување и развој на човечки ресурси, менторство (coaching).

  

Нема коментари:

Објави коментар