четврток, 17 март 2011

Вовед во психотерапија


Психотерапијата е правец кој овозможува справување со емоционалните или психичките состојби. Психотерапијата може да биде краток процес од неколку сеанси до долг процес од неколку години. Може да биде индивидуална (каде што учествува само тој што има потреба од психотерапија) или групна (каде што учествуваат групи составени од 10 до 15 луѓе кои зборуваат за своите проблеми и добиваат feedback од останатите членови на групата) или семејни (каде што во целиот процес на психотерапија учествуваат сите членови на семејството со цел подобро разбирање и решавање на проблемите). 

Психотерапијата ја води човек кој е обучен за тоа и тој се нарекува психотерапевт. Информациите кој ги добива псхотерапевтот од своите клиенти, дали тоа биле индивидуални или групни работи, остануваат во просторијата каде што биле кажани, односно психотерапевтот (а ова се однесува и на сите членови кога се зборува за групна работа) не смее да ги изнесува информациите надвор или да ги кажува во јавност. Анонимноста на клиентите мора да биде загарентирана, тоа што се изнесува на сеансите е доверлива информација и претставува професионална тајна.

Теми во овој модул се: 
  • Што е психотерапија? 
  • Разлики помеѓу психологија, психијатрија и психотерапија 
  • Што е психотерапевт? 
  • Кој може да биде психотерапевт? 
  • Етички код и доверливост на информациите кои се соопштуваат за време на психотерапијата 

По завршувањето на овој Модул: 
  • Ќе научите како полесно да се справите со работите кои во Вас предизвикуваат незадоволство, бес и лутина 
  • Ќе можете да ги распознаете и идентификувате мислите кои Ве оптоваруваат 
  • Ќе знаете како да ги задржите и подобрите односите и комуникацијата со Вашите блиски и пријателите 
  • Ќе знаете да ги најдете најдобрите начини кои ќе Ве доведат до решавање на проблемите 
  • Ќе научите како да си поставувате реални задачи и како да ги реализирате

Нема коментари:

Објави коментар