Како да се препознае гневот?
Психомоторната вознемиреност е првиот симптом на напнатост. Гласот се покачува, движењата се побрзи. Исто така, и работата на срцето и дишењето се забрзани. Доколку се најдете ненајдено во ситуација која предизвикува бес, можете дури да останете и без здив. Во таа ситуација најдобро е што поскоро да се оддалечите од ситуацијата која ги предизвикува таквите телесни реакции и да не се зафаќате веднаш со нејзино разрешување. Треба да седнете и да се потрудите да дишите побавно и што подлабоко со што ќе му овозможите на срцето да се врати на нормалниот број на отчукувања.
Движете се!
Пред опасност, во телото се јавува праисконскиот одбрамбен механизам. Крвните садови се стегаат со што се намалува крварењето во случај на повреда. Бесот е одговор на интуитивното чувство на опасност, кое доведува до стегање на крвните садови, а со тоа и студенило на рацете и нозете. Тогаш треба да се прави мала вежба на дланките со нивно собирање и ширење на прстите за да се подобри циркулацијата, да се подигнуваат и спуштаат рамениците, може и да се скока, а сето тоа ќе го загрее телето и ќе ја намали напнатоста.
Сугерирајте си: ќе успеам!
Кога еднаш нервниот систем, кој не е под наша контрола, ќе се подигне тогаш тешко да го запрете. Најдобро би било да се спречи инстиктивната телесна реакција, така што ќе се откријат ситуациите кои предизвикуваат напади на бес. На пример, ако некој се вознемирува поради тоа што не може да најде паркиралиште, најдобро ќе биде да тргне порано од дома за да има доволно време спокојно да се пакира.
Бесот може да се спречи и со позитивни реченици:
“Сигурно ќе успеам да го решам овој проблем, нема да го земам премногу при срце она што се случува...”
Понекогаш не се доволни вежби за дишење, туку треба да се затворат очите и да се мисли на нешто пријатно. Ако некого сте го нападнале и навредиле најважно е да се извините. И тоа е корисна вежба за смирување бидејќи е невозможно да се извините, а да чувствувате бес.
- Агресивните и луѓето со натпреварувачки дух се предиспонирани кон срцеви заболувања и инфаркт
- Истото важи и за оние кои често ги обзема чувството на гнев
СУПЕРНОВА е нова животна школа за едукација, советување и психотерапија. Како дел од нашите услуги нудиме центар за личен раст и развој на поединци и групи, семејна психотерапија и советување, едукации и тренинг програми за бизнис клиенти и фирми, работилници за управување и развој на човечки ресурси, менторство (coaching).
Елена Темелкоска
Supernova Academy
Нема коментари:
Објави коментар